Основна дејност на училиштето е воспитно-образовната.
Образува стручни кадри: архитектонски техничар, градежен техничар и геодетски техничар (четиригодишно образование) и ѕидаро-фасадери, монтери за сува градба и армирачи (тригодишно образование).
Општо образование – гимназија.


Друга дејност на училиштето е изработка и заверка на проектите (градежни документации) за изградба на секакви видови објекти.
СГГУ на град Скопје Здравко Цветковски има лиценцирано проектантско биро и ги врши следниве услуги:

  • Изработка на идејни и основни проекти со сите фази
  • Ревизија на основен проект
  • Изработка на преокти за легализација
  • Изработка на проекти за употребна дозвола
  • Изработка на проекти за доградба, надградба и реконструкција
  • Геодетски елаборати (поединечен упис, нумерички податоци, физичка делба, изработка на ажурирана геодетска подлога, пратење на деформации на објекти)
  • Заверка на идеен проект и основни проекти со сите фази
  • Заверка на предмер и пресметка, идеен и урбанистички проект
  • Заверка на проект за доградба и реконструкција
  • Заверка на инжинерски проекти од нискоградба, хидроградба и геодетски работи
  • Заверка на проекти за употребна дозвола
  • Заверка на проекти за легализација


Со реалната компанија во училиштето вршиме испитување на градежни материјали (бетонски коцки, керамички блокови и др.) и вршиме монтажа на преградни ѕидови и спуштени тавани од Кнауф системи монтажна сува градба, ѕидање ѕидови од керамички блокови, малтерисување, молерисување, фарбање, глетување и сл.
Сите овие и други услуги ги вршиме точно, прецизно и со релативно ниски цени.